Новинари од земји кои се кандидати за членство во ЕУ мора да соработуваат со колеги во најмалку две земји-членки на ЕУ за да имаат право да аплицираат за грантови на ИЈ4ЕУ.

Фондот „Истражувачко новинарство за Европа“ (ИЈ4ЕУ) денеска, 1 јуни, објави два нови конкурси за прекугранични проекти за истражувачко новинарство во Европската унија.

Програмата за поддршка на истражувања на ИЈ4ЕУ ќе обезбеди грантови во висина од 5,000 евра до 50,000 евра за прекугранични тимови во кои е вклучен најмалку еден медиум или организација за истражувачко новинарство или некој што е вработен во еден од нив. 

Крајниот рок за пријавување е 14 јули до 23:59 часот централно Европско време. Вториот повик од програмата ќе биде објавен во август. Види информации и често поставувани прашања.

Новата програма на ИЈ4ЕУ за поддршка на фриленс новинари ќе обезбеди грантови во висина до 20,000 евра за прекугранични тимови за истражување составени од само фриленс новинари. Ќе обезбеди и обука, менторство и можности за поврзување.

Крајниот рок за пријавување е исто така 14 јули до 23:59 часот централно Европско време. Само еден повик ќе биде објавен во 2021. Види информации и често поставувани прашања.

Вкупно, Фондот ИЈ4ЕУ ќе обезбеди директни грантови во вредност од 1,1 милиони евра за поддршка на прекугранично истражувачко новинарство од јавен интерест во 2021. Речиси 835,000 евра ќе видат распределени преку Програмата за поддршка на истражувањето и 265,000 евра преку Програмата за поддршка на фриленс новинари. (Прочитај повеќе за Фондот и зошто сме посветени на поддршката за истражувачко новинарство.) Грантовите се продолжение на успешната пилот година на ИЈ4ЕУ во 2018, кога 12 прекугранични истражувања беа финансиски поддржани и на второто издание во 2020, кога беа финансиски поддржани 49 истражувања.

Прочитајте за претходните истражувања на нашиот дел за проекти.

Критериумите за подобност според географската област се исти и за двете програми. Пријавите треба да бидат испратени од тимови чии членови живеат во најмалку две земји-членки на ЕУ или најмалку една земја-членка на ЕУ и Британија. (Новинари од Обединетото Кралство ќе можат да аплицираат за грантовите на ИЈ4ЕУ во 2021.)

Исто така, ИЈ4ЕУ ќе прифати пријави од новинари кои се од земји кандидати за членство во ЕУ и трети земји доколку се заедно во тим со колеги од најмалку две земји-членки на ЕУ.

Проектите мора да бидат фокусирани на теми од важност за прекугранична соработка. Истражувања на сите теми ќе бидат земени предвид.

Програмата за поддршка на фриленс новинари е ограничена на тимови составени само од фриленс новинари. Програмата за поддшка на истражувања е отворена за тимови од каков било состав, меѓу кои и хибридни тимови од новинари вработени во медиуми и фриленс новинари доколку е вклучен најмалку еден редакциски елемент.

Ќе бидат земени предвид тимови кои работат во секаков тип на медиуми, вклучително и печатени медиуми, телевизии, веб-портали, како и снимање на документарци и новинарство на повеќе платформи. Проектите мора да имаат за цел да бидат објавени во медиуми во најмалку две земји.

Грантовите на ИЈ4ЕУ може да бидат искористени да покријат речиси секакви трошоци кои се неопходни за да се продуцира новинарската содржина. Тоа вклучува плата и трошоци за вработени новинари, а и за фриленс новинари, трошоци за истражување, патни трошоци, трошоци за превод и административни трошоци.

Грантовите од двете програми се доделуваат од страна на независни жирија, во кои членуваат истакнати уредници, истражувачки новинари и експерти за новинарство. Прочитај повеќе за процесот за селекција и критериумите.

Сите детали за програмите и за начинот за пријавување, како и информации за претходните проекти кои биле финансирани, се достапни на веб-страницата на ИЈ4ЕУ. Прочитајте го најчесто поставуваните прашања во врска со пријавувањето.

Фондот ИЈ4ЕУ е посветен на обезбедување поддршка за истражувачко новинарство во критично време полно со предизвици за новинарството и медиумите. Истражувачкото новинарство има важна улога повеќе од кога било и во време на моменталната ситуација поврзано со јавното здравје.

За ИЈ4ЕУ

ИЈ4ЕУ (Истражувачко новинарство за Европа) е фонд за поддршка на прекугранично истражувачко новинарство. Обезбедуваме грантови на тимови од новинари во Европа кои истражуваат теми од јавен интерес. 

Фондот ИЈ4ЕУ е управуван од конзорциум од три организации: Меѓународниот институт за медиуми (ИПИ), Европскиот центар за новинарство (ЕЈЦ) и Европскиот центар за слобода на медиуми (ЕЦПМФ). ИПИ е на чело на конзорциумот и управува со Програмата за поддршка на истражувања.

ЕЈЦ управува со Програмата за поддршка на фриленс новинари. ЕЦПМФ доделува награда за прекугранично истражувачко новинарство и ја организира конференцијата #UNCOVERED на ИЈ4ЕУ, која се одржува секоја година. ЕЦПМФ исто така управува со законски фонд за непредвидени случаи за грантистите.

Програмата на ИЈ4ЕУ е финансиски поддржана како Подготвителна акција од страна на Европската комисија (Генералниот директорат за врски). Во 2020, доби дополнителни финансиски средства од Фондациите Отворено Општество, Фондацијата Фрит Орд, Луминате и Градот Лајпциг. Програмата е целосно независна од донаторите во процесот на селекција на проекти и гарантира за уредувачката независност на сите грантисти.

Прашања

Ги повикуваме сите кои се заинтересирани да се пријават да ја посетат веб-страницата на ИЈ4ЕУ и нашата страница за често поставуваните прашања во врска со пријавувањето. Ако се уште имате прашања, не се двоумете да стапите во контакт со нас.

Контакти

Општи прашања/прашања во врска со Програмата за поддршка на инстражувања: Тимоти Ларџ, координатор на програмата на ИЈ4ЕУ во ИПИ ([email protected])

Прашања во врска со Програмата за поддршка на фриленс новинари: Златина Сидерова, проект-менаџер во ИЈЦ ([email protected]).

web: KontraBit