- Право на финансирање и поддршка имаат медиуми и фриленс новинари
- Краен рок за пријавување: 23 февруари 2023 г.
- Пријавете се на билтенот на ИЈ4ЕУ за да бидете постојано информирани
Фондот „Истражувачко новинарство за Европа“ (ИЈ4ЕУ) денеска, 12 јануари, објави два нови конкурси за прекугранични проекти за истражувачко новинарство во Европската унија и во земјите кандидатки за ЕУ.
Investigation Support Scheme на ИЈ4ЕУ ќе обезбеди грантови во износ помеѓу 5.000 и 50.000 евра за да им овозможи на прекуграничните тимови од било каков вид да вршат истражувања кои се од јавен интерес.
Крајниот рок за пријавување е 23 февруари до 23:59 часот. Види информации и често поставувани прашања.
Истовремено, Freelancer Support Scheme на ИЈ4ЕУ ќе обезбеди грантови во висина до 20.000 евра за прекугранични тимови за истражување кои првенствено се составени од фриленс новинари. Таа исто така ќе обезбеди и дополнителна поддршка во вид на обука, менторство и можности за поврзување.
Крајниот рок за пријавување за Freelancer Support Scheme е исто така 23 февруари до 23:59 часот. Види информации и често поставувани прашања.
Вкупно, Фондот ИЈ4ЕУ ќе обезбеди директни грантови во вредност од 1.23 милиони евра за поддршка на истражувачкото новинарство за транснационални теми во периодот на финансирање 2022/23 година.
Речиси 900.000 евра ќе бидат распределени преку Investigation Support Scheme програмата и 330.000 евра преку Freelancer Support Scheme програмата.
Прочитај повеќе за Фондот ИЈ4ЕУ и зошто сме посветени на поддршката за истражувачко новинарство.
До денес, ИЈ4ЕУ има исплатено повеќе од 2,5 милиони евра грантови за прекугранични проекти, што им овозможи на стотици новинари да спроведат амбициозни истражувања на теми од јавен интерес во Европа и пошироко.
Прочитајте за истражувања кои биле претходно финансирани во нашиот.
Критериумите за подобност според географската област се исти и за двете програми. Пријавите треба да бидат испратени од тимови чии членови живеат во најмалку две земји-членки на ЕУ или најмалку една земја членка на ЕУ и една земја кандидат за ЕУ.
Земјите кандидати за членство во ЕУ се Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Турција и Украина.
Проектите мора да бидат фокусирани на теми од важност за прекугранична соработка. Во предвид ќе бидат земени истражувања на сите теми.
Freelancer Support Scheme програмата е осмислена да биде наменета за тимови чии членови работат претежно надвор од структурите на медиумот. Освен пари, таа нуди и прилагодена помош во вид на менторство и обука.
Investigation Support Scheme програмата е отворена за новинарски тимови од секаков вид на кои главно им е потребно финансии за извршување на нивните истражувања.
Двете програми имаат поддршка за уредниците, правна поддршка и можност за учество на специјализирани конференции.
Ќе бидат земени предвид тимови кои работат во секаков тип на медиуми, вклучително и печатени медиуми, телевизии, веб-портали, како и снимање на документарци и новинарство на повеќе платформи. Проектите мора да имаат за цел да бидат објавени во медиуми во најмалку две земји.
Грантовите на ИЈ4ЕУ може да бидат искористени да покријат речиси секакви трошоци кои се неопходни за да се продуцира новинарската содржина. Тоа вклучува плата и трошоци за вработени новинари, а и за фриленс новинари, трошоци за истражување, патни трошоци, трошоци за превод и административни трошоци.
Грантовите од двете програми се доделуваат од страна на независни жирија, во кои членуваат истакнати уредници, истражувачки новинари и експерти за новинарство. Прочитај повеќе за постапката за селекција и критериумите.
Сите детали за програмите и за начинот за пријавување, како и информации за претходните проекти кои биле финансирани, се достапни на веб-страницата на ИЈ4ЕУ. Прочитајте го најчесто поставуваните прашања во врска со пријавувањето.
Како што се зголемуваат заканите за слободата на печатот и плурализмот, Фондот на ИЈ4ЕУ е посветен на овозможување поддршка за истражувачко новинарство како јавно добро во Европската Унија и пошироко.
Повеќе информации за ИЈ4ЕУ
ИЈ4ЕУ (Истражувачко новинарство за Европа) е фонд за поддршка на прекугранично истражувачко новинарство. Обезбедуваме грантови на тимови од новинари во Европа кои истражуваат теми од јавен интерес.
Фондот ИЈ4ЕУ е управуван од конзорциум од три организации: Меѓународниот институт за медиуми (ИПИ), Европскиот центар за новинарство (ЕЈЦ) и Европскиот центар за слобода на медиуми (ЕЦПМФ).
ИПИ е на чело на конзорциумот и управува со Програмата за поддршка на истражувања. ЕЈЦ управува со Програмата за поддршка на фриленс новинари. ЕЦПМФ доделува награда за прекугранично истражувачко новинарство и ја организира конференцијата #UNCOVERED на ИЈ4ЕУ, која се одржува секоја година. ЕЦПМФ исто така управува со законски фонд за непредвидени случаи за грантистите.
Програмата на ИЈ4ЕУ е финансиски поддржана како Подготвителна акција од страна на Европската комисија (DG Connect). Добива доби дополнителни финансиски средства од Фондациите Отворено Општество, Фондацијата Фрит Орд, Фондацијата Николас Пуех и Градот Лајпциг. Програмата е целосно независна од донаторите во процесот на селекција на проекти и гарантира за уредувачката независност на сите грантисти.
Пријавете се на билтенот на ИЈ4ЕУ за да бидете постојано информирани за сите објави од ИЈ4ЕУ.
Прашања?
Ги повикуваме сите кои се заинтересирани да се пријават да ја посетат веб-страницата на ИЈ4ЕУ и нашата страница за често поставуваните прашања во врска со пријавувањето. Ако сè уште имате прашања, не се двоумете да стапите во контакт со нас.
Контакти
Општи прашања или прашања во врска со Investigation Support Scheme програмата: Милица Милетиќ, проектен координатор на ИЈ4ЕУ во ИПИ (grants[at]ipi.media)
Прашања во врска со Freelancer Support Scheme програмата: Златина Сидерова, раководител на програмата на ЕЈЦ (siderova[at]ejc.net)